Во 21 коло од Првата Македонска фудбалска лига гостите не успеаа да освојат три бода на ниту еден меч.
Голем исчекор кон опстанокот направи екипата на Еуромилк која на теренот во Маџари успеа да го победи директниот конкурент Шкендија со 2-1.
Ренова рутиснки со 3-0 ја победи екипата на Гостивар и сега се наоѓа на средината на табелата на само пет бода од местото кое води во Европа.
Македонија ЃП победи на теренот во Ѓорче Петров против незгодната екипа на Напредок со 3-1. Со оваа победа најави дека грчевито ќе се бори за опстанок до последното коло.
Во дерби дуелите Брегалница – Работнички и Хоризонт Турново – Металург немаше победник. На првиот меч навивачите видоа два гола по еден во двете мрежи, додека во Турново немаше погодоци. Екипите на Турново, Работнички и Металург ја задржуваат шансата за врвот на табелата.
Дербито меѓу Вардар и Пелистер се игра во 16 часот и ќе одреди кој ќе биде на врвот на табелата по ова коло.
РЕЗУЛТАТИ:
Ренова – Гостивар 3-0, Македонија ЃП – Напредок 3-1, Брегалница – Работнички 1-1, Х.Турново – Металург 0-0, Еуромилк – Шкендија 2-1.
Вардар-Пелистер 16ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Спасени четворица кои биле завеани од снег на Пелистер
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


