Несекојдневен настан забележале граѓани доцна вечерта на автопатот кон Гевгелија во близина на село Прдејци. Имено, неколку граѓани пријавиле дека возило вози во спротивната насока на автопатот.
Според Телеграф откако полицијата излегла на терен било запрено возилото со грчки регистарски таблички кое го управувало државјанин на Република Грција, 56-годишен.
По спроведените проверки констатирано било дека лицето возело под дејство на алкохол и било со нарушена здравствена состојба. Поради сериозноста на неговата здравствена состојба, лицето веднаш било пренесено во Грција.
Извор: Телеграф
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.