| четврток, 6 декември 2018 |

Англичаните порачуваат: Сега Манчестер е фаворит

Реал Мадрид пропушти шанса за победа против Манчестер јунајтед и сега избраниците на Сер Алекс Фергусон се фаворити за пласман во четвртфиналето, едногласни се англиските медиуми.

Натпреварот што се играше синоќа во Мадрид на „Сантјаго Бернабе“заврши без победник 1-1, а реваншто за одлука е на 5.март на „Олд Трафорд“.

„Јунајтед сега е фаворит. Избраниците на Мурињо пропуштија шанса да го матираат Манчестер на свој терен и тоа може да ги чини елиминација. Атмосферата на Олд Трафорд ќе им даде крилја на домаќините, што ќе биде голем проблем за Реал“ пренесува Би-Би-Си.

Англиските медиуми ја истакнуваат одличната игра на Кристијано Роналдо, стрелецот на голот за Реал.

„Португалецот одигра совршено. на моменти го маркираа и по тројца играчи, но не успеваа да го сопрат. Роналдо потврди дека е еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Конкретен, брз, со неверојатна техника и чувство за гол, Роналдо беше постојана опасност за голманот Де Хеа“ стои во анализата на „Гардијан.

Англичаните особено го истканаа триото клучни играчи на Јунајтед, Де Хеа, Фердинанд и Велбек.

„Де Хеа бранеше со сто раце и ако продолжи во овој стил ќе биде најдобар голман на светот. Фердинанд доби безброј дуели во одбраната и го потсети нашиот селектор Рој Хоџсон дека се уште е меѓу најдобрите англиски фудбалери. Велбек пријатно изненади со ладнокрвноста. Беше опасен во нападот и одбраната на Реал имаше мака да го сопре“ пишуваат новинарите на „Телеграф“.

Речиси сите британски медиуми се согласуваат дека Руни беше најслабата карика во составот на Мначестер.

„Руни одигра слабо и остана должник за реваншот во Манчестер. Не се снајде на десната страна, а немаше ниту подршка од Рафаел. Вејн има квалитети за многу подобро издание и мора да се оддолжи со добра партија во реваншот“ смета „Гардијан.

Наспроти Англичаните кои велат дека Јунајтед е фаворит, мудриот стратег Сер Алекс Фергусон истакна дека шансите остануваат 50-50.

-Ништо не се смени и шансите се подеднакви. Го следев Реал против Манчестер сити нагости и се уверив дека за нив е сеедно каде играат. Доминираа против нашиот градски ривал. не чека тежок натпревар и во реваншот – вели Фергусон.

Неговиот колега Жозе Мурињо ќе има товар повеќе, по ремито во Мадрид. И онака Португалецот оддамна е на мета на шпанската спортска јавност поради контроверзното однесување, чудните одлуки и кавги со Касилјас и Рамос. Реал не игра добро, ниту во првенството, ниту во ЛШ, но Мурињо е борец што никогаш не се предава.

И сега трпи критики од шпанските медиуми. Од него бараат и да си замине од Реал, но „специјалниот“ е навикнат на такви ситуации и многупати излегол како победник.

-За мене се останува исто како и пред првиот натпревар. Резултатот од Мадрид го остава отворено прашањето за името на четвртфиналистот од овој двомеч. Шансите остануваат 50-50 – изјави Мурињо.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top