| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепските пензионери со поддршка за Иванов

penzioneri

Претседателот Иванов денеска во Прилеп се сретна со преставници на Здружението на пензионери од градот. На средбата со прилепските пензионери, претседателот Иванов беше запознат со тековните активности на здружението.
penzioneri-3
Претседателот Иванов пред претставниците на здружението ја истакна својата поддршка за реализација Националната стратегија за стари лица во Република Македонија, која опфаќа проширување на правото на здравствена заштита кон постарите генерации, постепено зголемување на пензиите, реформите во здравството и неговата модернизација.
Прилепските пензионери на претседателот Иванов му ја изразија својата поддршка и му порачаа да продолжи со политиката на одбрана на македонскиот национален идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top