| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли ќе ги отстранува и јајниците

Анџелина Џоли наскоро ќе прави трета превентивна операција. По тој повод, даде интервју за „Entertainment Weekly“, каде што зборуваше за минатите искуства со превентивни активности.

Џоли вели дека е среќен поради тоа што со јавноста го сподели своето искуство со двојната мастектомија, бидејќи така ја подигнала свеста за ризикот од рак на дојката кај сите жени во светот.

Холивудската актерка во октомври минатата година ги отстрани своите две гради поради превенција од заболување од рак.

Во блиска иднина, таа има намера да ги отстрани и јајниците. Нивното отстранување го намалува ризикот од рак на јајчник од 80 до 90 проценти со намалување на количината на естроген и прогестерон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top