| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица мртви во несреќа на авион полн со навивачи

Во несреќата на авион на украинската авиокомпанија „Саутерн ерлајнс“ кој принудно слетал во близина на Украинскиот град Донецк загинале најмалку 4 патници. Спасувачите се во потрага по други две лица, јавува Риа новости.

„Повеќето од патниците биле спасени. Четири лица се мртви. Еден човек може да се види во урнатините, но не знаеме дали е жив или не. Сè уште сме во потрага по уште еден човек а две лица се пренесени во болница“, изјавил гувернерот на регионот Донецк Андреј Шишатскиј пренесува порталот mkd.mk

Според последните извештаи, во авионот имало 44 лица, од кои 39 се спасени. Нема информации за причината за несреќата, но се знае дека во Донецк имало густа магла.
Извор на локалните медиуми рекол дека авионот ја промашил на пистата и се срушил во поле, каде што се превртел и се скршил на три дела.

„Оние што се мртви не се идентификувани – на нивните тела има сериозни изгореници. Има и многу повредени“, потврди украинската итна служба во своето соопштение.

Во авионот патувале фудбалски навивачи, кои оделе на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Шахтјор Донецк и Борусија Дортмунд.

Урнатиот Антонов АН-24 е транспортен авиони со 44 седишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top