„Историјата на Евреите од мојот град“ е насловот на детската изложба што денеска, 7 март 2014 година (петок), во 13 часот, ќе биде свечено отворена во Кинотека на Македонија, по повод одбележувањето на денот на депортацијата на Евреите од Македонија. Изложбата, на пет панели, ќе опфати дела на учениците од седмо одделение од oпштинското основно училиште „Петар Поп-Арсов“, кои се резултат на нивната соработка со Меморијалниот музеј на холокаустот, во рамките на интегрираната настава по предметите историја, англиски јазик, запознавање на религиите и ликовна уметност.
На отворањето на изложбата ќе му претходи и проекција на филм, како и пригодна хорска изведба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.