СВР Штип поднесе кривична пријава за В.Н. (23), Д.С. (25) и за Б.З. (27), сите од Штип, поради основано сомнение дека сториле кривично дело фалсификување пари.
Пријавените, во декември 2012 година, во домот на В.Н. користејќи скенер изработиле 14 лажни банкноти во апоени од по 1.000 денари сите со ист сериски број, по што ги пуштиле во оптек во угостителски објекти во општините Виница, Кочани и во Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


