СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против С.Ц.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело ,фалсификување пари.
Пријавената завчера во дискотека во Штип платила со фалсификувана банкнота од 1.000 денари.
По пријавување на делото од вработена во дискотеката, преземени се мерки од полициски службеници при што од извршеното вештачење е утврдено дека банкнотата од 1.000 денари е фалсификувана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.