ПС Кочани поднесе кривична пријава за Л.Ј.(32) од населба Оризари, Кочанско и за В.М.(34) од Виница за сторено кривично дело фалсификување пари.
Првопријавениот, во средината на мај од Р. Бугарија, набавил 44 фалсификувани банкноти во различни апоени во вкупна вредност од 4.000 евра, по што една банкнота од 100 евра му дал на второпријавениот, кој на 26 мај годинава ја употребил како вистинита при купување прехранбени производи во продавница во с. Горни Подлог.
На втори овој месец во Кочани од страна на полициски службеници е извршен преглед над првопријавениот, при што се пронајдени фалсификувани банкноти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


