| четврток, 6 декември 2018 |

Во Косово уапсени двајца македонски државјани со над 4 илјади фалсификувани евра

На граничниот премин Хан Елези­ – Блаце, на косовско­ – македонската граница, уапсени се двајца македонски државјани кај кои се пронајдени 4.190 фалсификувани евра.

Банкнотите во различни апоени биле откриени при контрола на возилото со кое патувале. ­ Кај македонските државјани пронајдени и запленети се 75 банкноти од по 50 евра, 19 банкноти од по 20 евра, три банкноти од по 10 евра и шест банкноти од по 5 евра, за кои постои соммение дека се фасификувани, стои во соопштението на Косовската полиција.

По барање на обвинител изречена им е мерка притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top