| четврток, 6 декември 2018 |

Ни тргна со Скандинавците, по триумфот над Данска, во јуни ќе играме и со Норвешка

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Норвешка, на гостински терен, на 11 јуни.

Ни тргна со Скандинавците, па по триумфот против Данска со 3-0, ќе ги одмериме силите и со Норвешка.

– Натпреварот против Македонија ќе биде добар тест за нас. Македонците се во подем и играат убав фудбал. Го презентираа квалитетот и против Данска и затоа одлучивме да играме против нив – изјави Егил, Олсен, селекторот на Норвешка.

Со оваа репрезентација игравме двапати во квалификациите за СП 2010. Во Скопје ремизиравме без голови, а во Норвешка загубивме со 1-2.

Трета среќа и прва победа против Норвешка ќе бараме на 11. јуни, најверојатно во Осло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top