| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е проста маса?

Колумнист: Ненад Мирчевски

Колумнист:
Ненад Мирчевски

Опо­зи­ци­ја­та ве­ќе из­вес­но вре­ме при­ме­ну­ва ед­на уни­кат­на, са­мо за нив ло­гич­на, пра­кти­ка на изра­зу­ва­ње не­ве­ро­јат­на аро­ган­ци­ја кон сопс­тве­ни­от на­род. Нив­на­та др­скост оди до та­му што во исто вре­ме ги по­ни­жу­ва­ат ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни и ја ба­ра­ат нив­на­та под­др­шка – нив­ни­от глас, кој им е не­оп­хо­ден за да се вра­тат на власт.

Ко­ја е цел­та на дел од опо­зи­ци­ски­те ин­те­ле­кту­ал­ци и по­ли­ти­ча­ри мно­зинс­тво­то гла­са­чи во др­жа­ва­ва (ако се зе­мат ре­зул­та­ти­те од пос­лед­ни­те осум из­бо­ри) да ги на­ре­ку­ва­ат „про­ста ма­са“ не мо­же да сфа­ти ни­кој, освен тие са­ми­те. Да­ли со ома­ло­ва­жу­ва­ње­то на гра­ѓа­ни­те опо­зи­ци­ски­те „му­дре­ци“ оче­ку­ва­ат таа „про­ста ма­са“ да се исп­ла­ши, за­сра­ми или да се опа­ме­ти пре­ку ноќ? Да­ли др­ски­от од­нос е не­ка­ква не­ло­гич­на та­кти­ка за ин­стант пре­о­браз­ба на око­лу 500.000 ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни или, пак, по­ни­жу­ва­ња­та се са­мо израз на сопс­тве­на­та не­моќ на ед­на иде­о­ло­шка ма­три­ца, ко­ја одам­на се сме­та за про­чи­та­на кни­га ме­ѓу мно­зинс­тво­то, за што и не тре­ба да се би­де мно­гу па­ме­тен.

Ако оваа опо­зи­ци­ја е па­мет­на ка­ко што се сме­та са­ма­та, си­гур­но ве­ќе на­пра­ви­ла ма­те­ма­ти­ка и е свес­на де­ка го­лем дел од „про­сти­те“ до пред осум го­ди­ни гла­сал за се­гаш­на­та опо­зи­ци­ја (то­гаш­на власт). Да­ли и то­гаш ги сме­та­ле за „про­ста ма­са“ зна­ат са­мо тие, но тоа што мо­ра да го има­ат пред­вид се­га е де­ка ако не­ко­гаш по­втор­но ус­пе­ат да се пре­се­лат на Илин­ден­ска бб, то­гаш тоа не­ми­нов­но би се слу­чи­ло со по­мош на „огра­ни­че­ни­те“. Друг на­чин да ги до­би­јат из­бо­ри­те не­ма. Ако се свес­ни за тој факт, то­гаш нив­на­та аро­ган­ци­ја не­ма крај за­тоа што по­и­на­ку не мо­же да се об­јас­ни на­чи­нот на кој пла­ни­ра­ат да ја до­би­јат нак­ло­но­ста на гла­са­чи­те.

Без да нав­ле­гу­ва­ме во де­ба­та да­ли де­не­ска не­кој жи­вее до­бро или ло­шо, факт е де­ка си­те са­ка­ат да жи­ве­ат уште по­до­бро – и „про­сти­те“ и „па­мет­ни­те“. От­ту­ка мно­гу по­ко­рис­но ќе би­де за опо­зи­ци­ја­та ако, ко­неч­но, го про­нај­де ви­стин­ски­от курс и на­пра­ви се­ри­оз­на про­гра­ма ко­ја ќе би­де пре­поз­на­е­на од гра­ѓа­ни­те ка­ко по­до­бра оп­ци­ја од таа што се­га им ја ну­ди вла­ста. Фа­кти­те ве­лат де­ка во овој мо­мент за та­кво не­што кај опо­зи­ци­ја­та не­ма ни­ту вол­ја ни­ту ка­па­ци­тет, ина­ку, во спро­тив­но, „му­дре­ци­те“ за осум го­ди­ни си­гур­но ќе ус­пе­е­ја да ја при­до­би­јат „про­ста­та ма­са“.

А, „про­сти­те“, очиг­лед­но, не се тол­ку про­сти за да сфа­тат де­ка опо­зи­ци­ја­та сѐ уште се во­ди и дејс­тву­ва во пра­вец на лич­ни­те и пар­ти­ски­те ин­те­ре­си, но не и во ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те. Тоа на­ро­дот им го ука­жа на пос­лед­ни­те се­дум из­бор­ни цик­лу­си, а на до­бар пат се иста­та лек­ци­ја да ја до­би­јат, двој­но, и на из­бо­ри­те што нѐ оче­ку­ва­ат во април. Ако и то­гаш не сфа­тат што им ка­жу­ва на­ро­дот, ред­но вре­ме ќе би­де да се пог­лед­нат во ог­ле­да­ло и да се пра­ша­ат кој е ту­ка про­ста ма­са?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top