| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на црната комедија „Живот во тесни чевли“ во Драмски

живот

Вечерва во Драмскиот театар во Скопје е закажана премиерата на претставата „Живот во тесни чевли“ од Душан Ковачевиќ, а во режија на Ненад Витанов.

Актерската екипа на претставата ја сочинуваат: Драган Спасов – Дац, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски, Душица Стојановска, Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Зоран Љутков, а во претставата играат и студентите Христијан Поп Симонов, Ненад Ангелковиќ, Миа Кантарџиева и Благица Димитровски.

живот во тесни чевли1

Ова е претстава за петмина несреќни луѓе кои се надеваат дека ќе се изборат за правда и достоинствен живот, а наместо тоа стануваат учесници во реално шоу, експериментални глувци и предмет на исмевање. Убедени дека со големината на својата идеја ќе го добијат заслуженото, тие го губат елементарното човечко достоинство. Тесните чевли се метафора на суровото време во кое храбриот, достоинствениот, праведниот и, пред сѐ, чесниот човек се чувствува непријатно – како да носи тесни чевли! Епилогот на претставата ни дава чувство на оптимизам и надеж дека, сепак, постои правда, ако не на земјата, тогаш на небото – вели режисерот Витанов.

„Живот во тесни чевли“ е современа, социјална, црна комедија со мелодрамски елементи. Актертскиот тим се согласи дека е голема радост да се работи текст на Ковачевиќ. Токму оваа пиеса, во овој момент се игра и во театарот „Звездара“ во Белград и во Истанбул. Досега во Македонија се поставени пет драми на Ковачевиќ, а Ванчо Петрушевски, кој го игра ликот на Веселиот во оваа претстава, може да се пофали дека играл во четири.

живот во тесни чевли

– Ко­га збо­ру­ва­ме за „Жи­вот во тес­ни чев­ли“ прет­ста­ва­та има сре­ќен крај, има на­деж де­ка тие лу­ѓе ќе за­ста­нат и еден ден ќе га­зат без тес­ни чев­ли. На­деж­та пос­лед­на уми­ра и се на­де­ва­ме де­ка ко­мо­ци­ја­та при оде­ње и при жи­ве­е­ње, на не­кој на­чин, ќе би­де ве­ро­јат­на. Ме­ѓу­тоа, ние ка­ко акте­ри жи­ве­е­ме ко­мот­но на сце­на. Не­ма­ме ни­ка­ква вр­ска со по­ли­ти­ка­та и со тоа што се слу­чу­ва над­вор. Се­пак, жи­ве­е­ме во еден пре­кра­сен свет што се ви­ка те­а­тар и на­ши­те чев­ли се се­ко­гаш ко­мот­ни, удоб­ни за га­зе­ње. А тоа што се слу­чу­ва над­вор од те­а­та­рот мис­лам де­ка нам не ни е за­бав­но – ве­ли Дра­ги­че­виќ-Прој­ков­ска која ја толкува улогата на менаџерка и водителка.

За Љу­тков Ду­шан Ко­ва­че­виќ е мај­стор ед­на со­ци­јал­на дра­ма да ја пре­тво­ри во црн ху­мор и се­ко­гаш на кра­јот да да­де не­ка­ква на­деж.

– Тоа што тие се во тес­ни чев­ли го отс­ли­ку­ва на­ше­то вре­ме кол­ку сме стег­на­ти, обре­ме­не­ти, кол­ку не мо­же­ме да мрд­не­ме ни­ка­де ко­га сме глад­ни и си­ро­маш­ни. Но, де­ка еден ден ќе се ос­ло­бо­ди­ме, тоа ќе се слу­чи на дру­ги­от свет. Се­ко­гаш на­ши­от жи­вот оди во таа на­со­ка – ко­га ќе се ро­ди­ме сме го­ли и бо­си, ко­га жи­ве­е­ме сме стег­на­ти и око­ва­ни, има­ме страш­ни проб­ле­ми и на крај ќе си ја олес­ни­ме ду­ша­та и ќе би­де­ме го­ли и бо­си ко­га ќе за­ми­не­ме од овој свет. Ко­ва­че­виќ ус­пе­ва таа па­ра­ле­ла, дра­ма­ти­ка, да не би­де су­ро­ва. Тој знае да на­пра­ви ху­мор на кој ќе се сме­е­ме и се сме­е­ме – ве­ли Љу­тков.

zivot vo tesni cevli01

И двај­ца­та ве­лат де­ка на пр­ви­те чи­тач­ки про­би има­ло мно­гу сме­е­ње…

– Се сме­е­ме на нив­на­та та­га, а всуш­ност не мо­жеш по­и­на­ку, не мо­жеш да се бо­риш про­тив тоа што е ре­ал­но црн ху­мор, а се сме­еш би­деј­ќи ина­ку тре­ба да пла­чеш мно­гу. Тре­ба да го жа­лиш це­ли­от свет – ве­лат акте­ри­те.

– Душан Ковачевиќ нема утка во ниту еден негов текст, па таков е случајот и со оваа претстава. Затоа и со уживање прифатив да играм во неа – вели Драган Спасов-Дац, кој го толкува ликот на Стево.

Костимограф е Катерина Чукниева, а сценограф е Валентин Светозарев. Музиката е на Сашко Костов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top