Рускиот претседател, Владимир Путин, одржа оперативно советување со членовите на Советот за безбедност на Русија, посветено на ситуацијата во Украина, вклучувајќи ја и денешната одлука на Парламентот на Крим за приклучување на автономната република кон Руската Федерација.
На состанокот учествувале премиерот Дмитриј Медведев, претседателот на Горниот Дом на Парламентот, Валентина Матвиенко и претседателот на Думата, Сергеј Наришкин, како и членови на раководството на Федералната служба за безбедност, министри и други претставници на администрацијата на Кремљ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.