Кевин де Бриун, еден од ретките играчи со чија продажба Челси профитираше во последните неколку сезони, откри детали за тоа како го напуштил тимот од Лондон.
Де Бруин од Челси премина во редовите на Волфсбург, но пред тоа и уште еден бундеслигаш беше заинтересиран за неговите услуги.
– Мурињо ми кажа дека не можам да преминам во редовите на Дортмунд, а причината за тоа беше бидејќи тие не сакале да го пуштат Левандовски во екипата на Челси. Но, тоа е фудбалот, многу пари се во игра, а има и доста политика – изјави Де Бруин.
Па така, наместо во Минхен, Левандовски од наредното лето можеше да игра во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.