„Вашингтон пост“, „Еј-Би-Си њуз“, „Дејлимеил“, „Хералдстандард“, „Асошиејтед прес“ и многу други светски печатени и електронски медиуми известија за акцијата на македонската полиција и јавното обвинителство за расчистување на кражбата во Музејот на Македонија.
Ви го пренесуваме интегрално преведен текстот што беше пренесен од „Асошиејтед прес“, а објавен на 27 февруари во еден од наjтиражните американски весници „Вашингтон пост“.
Mакедонската полиција ги уапси директорот на најголемиот Музеј во земјата, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културното наследство и уште шестмина други за кражба на 162 антички парчиња накит од музејските збирки.
Обвинителството во главниот град, Скопје, изјави дека осумтемина осомничени ќе се соочат со обвиненија, вклучувајќи нелегално поседување културни артефакти, злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата.
Предметите, најмногу златен и сребрен накит кој датира од 4 век пр. н.е., биле земени од депоата во Музејот на Македонија во центарот на Скопје меѓу ноември 2011 и октомври 2013 година.
Портпаролот на полицијата Иво Котевски изјави за „Асошиејтед прес“ дека некои артефакти биле пронајдени во домовите на осомничените, но не се знае уште дали тие се меѓу 162 украдени предмети. Кражбата била пријавена до македонските власти во октомври минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.