На Денот на жената во „Експо центар“ гостува еден од највлијателните членови на германската хаус сцена, диџеј Том Нови.
Неговото име се поврзува со голем број светски музички имиња, како Роџер Санчез, Соник, Ениак и Том Морело, кои соработувале со него и го трасирале неговиот пат кон ѕвездите. Настапот во Скопје е дел од неговата европска и американска турнеја која ќе опфати повеќе од 13 концерти низ целиот свет. Том Нови ветува одлична забава и многу музички изненадувања, специјално наменети за неговите македонски фанови.
Влезниците се пуштени во претпродажба од понеделник, 3 март во Југотон рекордс (ГТЦ), Камарад (Рамстор), Цвеќара Розе (Веро 2), Супер Тобако (ТЦ Лептокарија) до 6 март (четврток) по цена од 200 денари.
Билетите на 7 и на 8 март (петок – сабота) ќе се продаваат по цена од 250 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.