| четврток, 6 декември 2018 |

Кримскиот парламент донесе одлука за припојување кон Русија, а референдум ќе се одржи на 16 март

krim

Парламентот на Крим донесе принципиелна одлука за влегување на автономната република Крим во состав на Руската Федерација.

Исто така, кримскиот вицепремиер, Рустам Темиргалиев, изјави дека референдумот за статусот на автономната република Крим ќе се одржи на 16 март.

Граѓаните ќе треба да одговорат на две прашања.

Првото прашање е дали сакаат Крим да стане субјект на Руската Федерација, а второто е дали се за враќање на Уставот од 1992 година, според кој Крим е дел од Украина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top