Вечерва со почеток во 19:30 часот, во галеријата НУ Мала Станица во Скопје, ќе се отвори изложбата “Obsession”, меѓународен колаборативенпроект на групата ОutSightод Австрија и уметниците Ана Лазаревска и Нита Чаволи од Скопје. Преку перформанси, видеа, фотографии и инсталации, проектот “Obsession” ќе ги отвори кревките прашања врзани со опсесивноста во современото живеење, и тоа во неколку контексти: националниот, родовиот и личниот идентитет; себството и себе-репрезентацијата во социjалните медиуми; размената на личните и културолошки особености преку продуктивна колаборација итн.
Изложбата ќе трае до 14 март, а за целото времетраење уметниците ќе живеат во галерискиот простор и ќе бидат отворени за соработка со публиката. Заедничкиот ангажман на овие уметници продолжува, а кон крајот на годината е предвидена уште една изложба во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.