Вечерва во Софија, во галеријата „Антракт“ ќе биде отворена изложба на фотографии од Ивана Батев за „твитер-календар 2014“.
Првпат ваков календар беше изработен во 2013 година за подигање на јавната свест за ракот на дојка, така што и овој е продолжение на идејата за општествено ангажиран календар. Заедницата на луѓе активни на Твитер, повторно испратија порака за здравјето, овојпат за сексуалното здравје, преку фотографии од актови. Пораките ги состави тимот на организацијата ХЕРА, чиј фокус на работа е сексуалното и репродуктивното здравје и права.
Оваа година фотографиите беа контекстуализирани во стилот на фото-блогот „Идеи за домот“ кој прикажува детали од ентериер и дизајн.
Авторката на изложбата Ивана Батев е фоторепортер во Македонската информативна агенција-МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.