
Оваа среда ни носи вистинско променливо време. Облачноста која се очекува ќе донесе повремени и релативно слаби врнежи од дожд, а на планините над 1500 метри, повремени слаби врнежи од снег. Локални повремени сончеви периоди се исто така дел утрешниот ден, пред се во средината од денот.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност околу 11°С во поголем дел од населените места, и до 16°С во југоисточните краишта.
Во Скопје раните утрински часови носат слаб дожд, а потоа се очекува променливо облачно време кое ќе донесе повремен слаб дожд, но и повремени сончеви периоди во втората половина од денот. Минималната температура ќе има вредност околу 4°С, а максималната околу 13°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


