| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски ги доби гласовите, Црвенковски апсолутен победник на конгресот на СДСМ

 „Горд сум што бев соработник на Бранко Црвенковски и Борис Трајковски““ , со овие зборови кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски ја прогласи победата на неговиот политички ментор Бранко Црвенковски на 16тиот конгрес  на СДСМ.

Тие што внимателно ја следат политичката кариера на кандидатот на СДСМ за иден шеф на Македонската држава не се зачудени од верноста која што Пендаровски ја чувствува кон неговиот екс шеф во претседателскиот кабинет.

Партнерството „Стево – Бранко“ кое што се случило по препорака на поранешниот неуспешен кандидат за претседател Љубомир Фрчковски со кого Пендаровски заедно работеше во кабинетот на покојниот Трајковски кулминираше со верификација на огромните нерегуларности за време на изборите за претседател во 2004.

Тогаш Пендаровски и покрај сите забелешки на домашните и странски фактори како претседател на ДИК  ги верифицираше изборните нерегуларности и го прогласи Црвенковски за победник.

Со тоа според многумина Пендаровски си ја заработи позицијата Советник за национална безбедност во кабинетот на идниот претседател.

Врската пак со Фрчковски кој лобирал Пендаровски од кабинетот на покојниот Трајковски да се префрли во кабинетот на Црвенковски трае од моментот кога Фрчковски станува Министер за внатрешни работи. Малкумина знаат дека само еден месец откако Фрчковски седнува на министерската фотелја Пендаровски добива работно место во МВР.

Еден од проблемите со кои што Пендаровски ќе се соочи на овие избори за претседател е што тој сега ќе ја изгуби лагодната позиција на советник или аналитичар кој може да си каже тоа што го сака а не тоа што е потребно.

Иако важи за политичар кој има добри врски со голем број новинари ако внимателно се следат неговите јавни настапи ќе се забележи дека Пендаровски речиси никогаш нема дадено прецизна изјава за било кое прашање. Тој секогаш знае што е корисно за него и неговиот имиџ во јавноста но никогаш досега не дал свој цврст став особено за теми кои што се сензибилни.

Тоа е причината поради која во јавноста важи за човек без свој став кој повеќе е познат по неговиот изглед отколку поради тоа што го мисли или изјавува.

Еден од најмногу интервјуираните соговорници на македонските новинари на тема името и спорот со Грција во последниве неколку години всушност нема ниту една изјава која останала запаметена во јавноста.

Како што неговиот ментор и екс шеф Црвенковски нема ниту една изјава за паметење на истата тема во времето кога Пендаровски му беше главен соработник.

Ако се анализираат неговите јавни настапи ќе се види дека Пендаровски постојано кажува како не може и како не треба но досега никогаш не кажал јавно како конкретно треба да биде надминат некој проблем од национален или друг државен интерес.

Освен критиките кон сите власти (освен кон Црвенковски) тој никогаш не предложил никаква идеја која што би можела да донесе некаква корист за Македонија.

Пендаровски кумуваше на територијалната поделба

Во времето кога СДСМ водеше кампања по која Струга и Кичево од урбани центри во кои доминантно македонско население беа претворени во предградија на Зајас и Велешта, Пендаровски како претседател на ДИК ниту еднаш не излезе во јавноста да каже какви последици ќе имаат Македонците во овие градови поради неразумната политика на Црвенковски, Бучковски и СДСМ.

Пендаровски никогаш во јавноста не проговори ниту за неговата лична одговорност за долгорочните проблеми по националната безбедност со претворањето на Македонците во Струга и Кичево во малцинство на локално ниво а Скопје за двојазичен град.

 

 Како Пендаровски успеа да ги елиминира сите потенцијални противници?

Покрај своето политичко бледило Пендаровски на совест ќе ја носи и целата матна процедура за негов избор за кандидат на СДСМ за претседател.

Пендаровски ќе има сериозен проблем да објасни како еден политичар кој што се смета за демократ успеа со партиски игри уште пред гласањето да ги елиминира сите сериозни свои противници за позицијата претседател како професорот Денко Малески или екс министерката Илинка Митрева.

Всушност Пендаровски со својот полутаен избор за кандидат за претседател само ги докажа своите способности со помош на заткулисни партиско – кабинетски игри без никаква поддршка заверена на избори или партиско гласања да дојде до високи позиции во партијата или државата.

На совест ќе ги носи и сите седумдесет потенцијални кандидати  кои што биле предложени од партиските подружници на СДСМ како и осумтемина кои што според најавите од улицата Павел Шатев биле најсериозни кандидати за учество на партиската конвенција.

Како се случи сите тие да исчезнат а тој да остане сам на партиската листа за галсање знаат само Заев, Шекеринска и Црвенковски.

 

Марионета или не ја кажува вистината

Пендаровски во кампањата за претседател на државата влегува со уште една темна дамка од која не може лесно да се оттргне.

Доколку е точно дека еден ден пред СДСМ јавно да признае дека Пендаровски е кандидат за претседател, тој навистина не бил контактиран од партијата за претседателската кандидатура тогаш јасно е дека мали се шансите  во иднина да не биде марионета со која што ќе управуваат други , пред се екс шефот Црвенковски.

Доколку Пендаровски пак знаел се за неговата кандидатура а свесно ги скрил фактите тогаш јасно е дека Македонската јавност ќе се соочи со уште еден политичар кој што најблаго кажано ја премолчува вистината за да се заштити себе си.

Што и да е вистината за Пендаровски таа на крајот ќе биде откриена, ниту еден лажго а уште помалку марионета не може да ја добие довербата кај народот.

Тоа се потврдило многу пати досега , нема причина оваа практика да запре и по оваа кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top