| четврток, 6 декември 2018 |

Автобус удри во босанскиот амбасадор во Србија

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Србија, Ранко Шкрбиќ, е полесно повреден откако на него налета автобус пред зградата на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, пренесува српската новинска агенција „Срна“.

Шкрбиќ е пренесен во Клиничкиот центар во Белград, каде што е задржан превентивно, а снимките покажале дека нема скршеници.

Несреќата се случула кога автобусот налетал на Шкрбиќ, кој се наоѓал во близината на ВИП излезот. Се работи за мини-автобусот кој ги пренесува патниците од аеродромот до градот и обратно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top