СДСМ спроведува целосно затворена и недемократска постапка за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, во СДСМ имаат еден избор и ќе гласаат на гласачко ливче со еден и единствен кандидат, како во време на претходниот систем, денеска реагираа ВМРО – ДПМНЕ.
Одлуката дека Пендаровски ќе биде кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија беше соопштена пред било кој нивен орган, Извршен одбор или Централен одбор, да донесе одлука. Очигледно дека одлуката е донесена од еден човек, од Бранко Црвенковски, без почитување на базични демократски принципи и процедури.
-СДСМ не кажа кои се противкандидатите на Пендаровски. Ниту оние осум кои, бар според нив, влегле во потесен круг, ниту оние 26 кои демек биле предложени од нивните Општински организации. Не ги кажуваат или пак воопшто ги немаат. Да биде недемократичноста на СДСМ уште поголема, тие денес, ќе бираат кандидат за Претседател, а имаат предложено само еден. И таа постапка ќе ја прават зад затворени врати, без увид на јавноста и без присуство на новинари и медиуми – велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Никој во оваа држава, според СДСМ, не смее да дознае кои се делегатиете кои ќе гласаат на нивниот Конгрес, кои биле, демек осумте противкандидати, зошто Пендаровски и СДСМ ја демантираа и негираа вест дека тој е кандидат, за по еден ден да ја потврдат.
Мотото на нивниот денешен Конгрес, за жал, повторно, зборува за арогантноста и отуѓеноста која владее во СДСМ. СДСМ не може да кажува каков Претседател заслужува Македонија, ниту пак Бранко Црвенковски може да кажува каков Претседател заслужува Македонија. За тоа одлучуваат и кажуваат граѓаните на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата