| четврток, 6 декември 2018 |

Битка на две фудбалски империи, Реал против Манчестер ј.

Битка на две фудбалски империи, едната шпанска, на Реал Мадрид и од спротивната страна, англиската на Манчестер јунајтед, ќе се случи од 20,45 на „Сантјаго Бернабе“.

Во звездената ноќ на шампионите „кралевите“ од Мадрид ќе атакуваат на „ѓаволите“ од Манчестер за подобра позиција пред реваншот во Англија, на „Олд Трафорд“ на 5. март.

Трофеи, пари, мноштво фудбалски легенди и ѕвезди, пребогати традиции, ги врзуваат двата клуба што ќе мора меѓусебе да се пресметаат уште во осминафиналето на ЛШ.

Реал е домаќин во првиот чин од претставата што ќе привлече внимание на милиони љубители на „бубамарата“.

Бескомпомисниот и пргав Жозе Мурињо, против тренерската икона Сер Алекс Фергусон, Рамос против Руни, Видиќ контра Роналдо. Тука се и Ван Перси, Бензема, Рамос и  Фердинанд и уште дузина светски познати имиња, во фудбалски судир без фаворит.

-Знам само дека натпреварот нема да заврши без голови. Ќе се судрат два одлични состави, со големи амбиции и офанзивен пристап кон играта. И во Мадрид и во Манчестер тоа ќе бидат дуели за уживање, за гол повеќе. Реал го има Роналдо, ние сме подобри со ангажманот на Ван Перси, што дава гаранција за одличен фудбал – вели Фергусон.

Тој најавува формација 4-2-3-1, со која ќе се обиде да го спречи Реал да го продолжи атакот на 10. рекордна титула во ЛШ. Манчестер има три круни во ова натпреварување.

Сосема идентичен пристап, формациски има и Мурињо, еден од само тројцата тренери во историјата што освоил трофеј од луксузното натпреварување со два различни тима. Работата во Реал сама по себе подразбира дека цел е титулата, а Мурињо знае како се освојува вредниот пехар.

-Ова се мечевите што цел свет ги очекува со нетрпение. Сега играчите на двата тима треба да се потрудат да ги задоволат вкусовите на фудбалските симпатизери. Реал е како мене, секогаш оди на победа – изјави Мурињо.

Во сенка на пресметката на гигантите, е интересниот двомеч меѓу украински Шахтар и германскиот првак Борусија Дортмунд. Вечерва од 20, 45 часот домаќин е Шахтар на „Донбас“ арената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top