Во финалето на турнирот во снукер во Велс, еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт, Рони О’Саливен, го победи кинескиот натпреварувач Динг Жи Ји со 9-3. Најитересна беше последната игра, во која популарниот Ракета успеа да освои максимални 147 поени. Последниот поен го освои со удар со стапот со левата рака. О’Саливен е петкратен светски шампион, а од него е подобар само Стивен Хендри, кој е легенда во овој спорт и има освоено седум светски наслови.
Со овој максимален брејк Рони О’Саливен се издвои на листата на првото место со еден повеќе од Стивен Хендри. Тој сега има 12 во неговата богата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.