| четврток, 6 декември 2018 |

О’Саливен зборуваше како робот и ја исмеа Светската снукер федерација (видео)

roni o'saliven

Најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен повторно без влакна на јазикот „удри“ по Светската снукер федерација. Петкратниот светски шампион пред некоолку денови даде доста контроверзна изјава, во која зборуваше како робот, осврнувајќи се на играчите кои се често роботозирани.

– Нема што повеќе да кажам. Ако изговорам нешто плус, сигурно Светската снукер федерација парично ќе ме казни – по изјавата истакна О’Саливен.

Овој негов потег сигурно нема да остане незабележан, бидејќи снукер федерацијата често знае строго да ги казни играчите за ваквите испади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top