| четврток, 6 декември 2018 |

Kонцесионерите што не ги почитуваат правата на вработенитe, ќе бидат казнети

saracini-valjon1

Немилордни ќе бидат мерките на Владата кон сите инвеститори и концесионери што не ги почитуваат правата на вработените, најави денеска министерот за економија, Ваљон Сараќини, по информацијата дека двајца рудари се повредени во рудникот „Добрево“ во Пробиштип.

– Наша цел како Влада е во овој дел секогаш да бидеме немилосрдни и секогаш кога кој било правен субјект или инвеститор не ги почитува правата на вработените да не останеме со скрстени раце, а прекршителите да не останат неказнети – рече Сараќини.

Тој нагласи дека, за среќа, рударите поминале со полесни повреди, но на терен веднаш се испратени вработени од Инспекторатот за техничка инспекција и труд.

– Министерството за економија даде налог денеска да се направат анализи и до крајот на денот да достават извештај за да се провери причината за несреќаата. Доколку причината е неисполнување на мерките или обврските дадени при последната инспекција на истиот рудник и доколку се утврди дека одговорноста е на процедурите на овој рудник, веднаш како министер за економија ќе предложам на Владата да се одземе оваа концесија и да се затвори рудникот – додаде Сараќини.

Тој нагласи дека ќе се преземе оваа мерка доколку е потребно, без оглед на последиците за економијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top