Вчеравечер околу 20,45 часот во Прилеп на ул. „Војводинска“, маскирано лице влегло во продавницата на „Тедико Супер“ и со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената Ц.П.(52) од Прилеп, одземајќи од касата 10.413 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот – стои во полицискиот билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.