| четврток, 6 декември 2018 |

Едукативни предавања за рак на дојка во Македонски Брод и во Кочани

borka-donacija

Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“, во рамките на кампањата за подигнување на свеста кај населението од ракот на дојка „Розов карван 2014“ ќе одржи 2 едукативни предавања за рак на дојка во Македонски Брод и во Кочани.

Предавањето во Македонски Брод е утре, 4 март, во општинската сала со почеток во 16.30 часот. На предавањето ќе говорат Биба Додева, претседателка на Здружението „Борка“, д-р Мери Пешевски, специјалист по онкологија од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и претставник од компанијата „Медикус хелп“ од Скопје.

В четврток, 6 март, е предавањето во Кочани (16 часот), во салата на Советот на општината. Ќе се обратат Додева, претставник од компанијата „Медикус хелп“ од Скопје и д-р Елизабета Бабушку, специјалист по радиологија, радиодијагностичар, супспецијалист по гинеколошка и мама-дијагностика од приватната општа болница „Ремедика“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top