Сообраќајот на сите патишта во земјата се одвива по влажни коловози. Врнежи од ситен снег се бележат на граничниот премин Деве Баир, но не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради магла има на планинскиот превој Стража каде видливоста е на 120 метри.
Во клисурите се можни помали одрони, особено на патните правци Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


