
Пред нас е дождлив неделен ден. Во наголемиот дел од денот ќе преовладува врнежливо време, со нешто поинтензивен дожд во југоисточниот крај. На планините на височина над 1500 метри овие врнежи ќе бидат претежно од снег. Намалување на интензитетеот и постепен престанок на дождот се очекува во вечерните часови.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност околу 8°С во поголем дел од населените места, и до 11°С во југоисточните краишта.
Во Скопје се очекува облачно и дождливо време. Минималната температура ќе има вредност околу 4°С, а максималната околу 9°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


