Македонскиот шампион МЗТ Скопје во рамките од Јадранската лига успеа на гостувањето во Александровац да ја победи домашната екипа на Игокеа со 79-65. Со фантастичното второ полувреме успеа да направи целосен пресврт и заслужено да се радува на крајот од мечот. Избраниците на тренерот Мартич во ангажирана игра во вториот дел почна да ја топи високата предност на домаќините кои по првиот дел водеа со осум коша разлика (38-30). МЗТ Разликата ја направи во последната четвртина дозволувајќи му на противникот да постигне само 11 поени. Со оваа победа аеродромци се искачија на шестото место на табелата кое ако го задржат до крајот на регуларниот дел од сезоната води во еврокупот.
Најефикасни кај плаво-белите беа Цветковиќ со 13, Маринковиќ со 11 и Синовец со 10 поени.
Следниот натпревар од Јадранската лига МЗТ го игра во Загреб на 9. март кога и гостува на екипата на Цибона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


