Ракометарите на Вардар доживеаа пораз на денешниот натпревар против хрватскиот тим Нексе. Вардарци беа поразени со 32-25 на гостувањето во Осиек.
Иако Вардар на почетокот поведе со 0-2, но потоа следеа четири гола во серија за Нексе. Во 15.минута хрватскиот тим имаше предност од 9-6, а на одмор замина со 16-13.
Во последните десет минути од натпреварот домашниот состав влезе со предност од 25-18. Потоа вардарци влегоа во серија од три последователни погодоци, намалија на 25-21, но Нексе повторно се разбуди и на пет минути до крајот зголеми на 29-22.
Конечниот резултат на мечот е 32-25.
Најефикасен ракометар кај Вардар беше Тимур Дибиров, кој постигна 13 гола, од кои
осум од седум метри. Кај Нексе најефикасен беше Шиме Ивиќ со седум погодоци, како и голманот Перица Лелиќ кој имаше 17 одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



