| четврток, 6 декември 2018 |

Мртво женско тело пронајдено во Кочанска Река

M3367S-4504

Мртво женско тело е пронајдено вечерва по 19 часот во водите на Кочанска Река, информира МВР. Телото е пронајдено 2,5 километри од браната „Гратче“.

Полицијата, според очевидци, добила повик по што и го извлекле телото. Идентитетот на жената зсега не е познат бидејќи кај неа не се пронајдени никакви документи, а нема информации ниту за тоа како дошло до смртта.
Според првични информации, телото на жената било во водата на Кочанска Река еден до два дена.
Телото е предадено на обдукција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top