Селекторот на Шпанија, Винсенте дел Боске, го објави списокот на репрезентативците за пријателскиот натпревар со Италија, кој ќе се одигра на стадионот „Винсенте Калдерон“ во Мадрид.
Бразилецот со шпански пасош е повикан за престојниот натпревар и се очекува токму на стадионот каде што е домаќин со Атлетико Мадрид да го има дебито за оваа репрезетација. Дел Боске ја искористи шансата за мечот да повика дури тројца играчи од Атлетико кои ќе играат пред своите навивачи.
Во составот ги нема Мата и Торес, кои се лоша во форма, а за мечот со Италија не е повикан и првиот голман на Мачестер јунајтед, кој ја плаќа цената на лошата игра на своите соиграчи во одбраната.
Голмани: Касилјас, Валдес, Реина
Одбрана: Хуанфран, Рамос, Алба, Аспиликуета, Албиол
Средина: Чави Мартинес, Бускетс, Чави, Коке, Алкантара, Иниеста, Навас, Казорла, Фабрегас, Силва
Напад: Коста, Негредо, Педро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето


