| четврток, 6 декември 2018 |

Спортска драма на просторите на поранешен СССР, пропадна Динамо Минск, се распаѓа и Шахтар Доњецк

Политичката криза во Украина, веројатно, ќе предизвика распад на фудбалската машинерија од Доњецк, а во прашање е моќниот Шахтар, чиј претседател Ринат Ахметов пребега во Англија. По него, веројатно, ќе издадат потерница новите власти во Украина, па во прашање доаѓа и егзистенцијата на клубот, кој беше синоним за моќ во источниот дел од Европа.

Претходно и Металист од Хархов ја доживеа истата судбина, а сопственикот Сергеј Курченко побегна од земјата и ги остави фудбалерите на цедило, без плата неколку месеци.

И во ракометот на просторите на поранешниот СССР не е ништо подобро, а потона Динамо Минск. Најавен како сериозен државен проект, клубот од Минск ангажираше сериозни засилувања, одигра солидно во групата Ц од Лигата на шампионите, но не успеа да мине во нокаут-фазата во конкуренција на Барселона, ПСЖ и на нашите два клуба Металург и Вардар. Непосредно пред да завршат натпреварите во фазата по групи, беше објавено дека нема пари за понатамошно одржување на клубот во кондиција, а вчера се потврди дека Динамо Минск е минато и проектот се стопира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top