| четврток, 6 декември 2018 |

Треневски: Никако не се предаваме однапред, имаме свои планови и нема да се штедиме

Екипата на Работнички утре ќе го одигра првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лига Европа. Во Скопје ќе гостува тимот на Динамо Минкс, а воочи овој меч Виктор Треневски им порача на своите играчи дека треба што поскоро да се заборави убедливата победа од минатата седмица против Тре Пене, бидејќи утре против себе ќе имаат многу посериозен противник.

– Ни коментираа дека сме играле со аматери во првото коло, па еве сега на ред се професионалците. Динамо Минск има квалитетен тим, што би можел да го споредам со Вардар или со Шкендија од домашното првенство, според буџетите на овие клубови. Од тактички план играат со формација 3-4-3, можеби се фаворити, но и ние имаме свои планови што ќе се обидеме да ги реализираме во дела. Ќе играме без резерва до крај, има два меча, мислам дека ќе биде тесно, а ќе се решава на реваншот – истакна Виктор Треневски.

Тој изрази жалење што за овој двомеч нема да може да смета на услугите на Ванче Шиков, кој си замина од клубот и се пресели во Казахстан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top