| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички стигна само до реми со Динамо Минск (видео)

Вториот македонскиот претставник во квалификациите за Лига Европа, екипата на Работнички на првиот натпревар против Динамо Минск во рамки на 2. квалификациско коло одигра 1-1 (0-0) и со позитивен резултат ќе патува на гостувањето во Минск.

„Романтичарите“ притискаа, но за разлика од претходниот меч со Тре Пене на кој се постигнаа вкупно шест гола недостасуваше завршницата. До ремито кое според играта може да се оцеи како позитивен резултат дебармаалци дојдоа од пенал во 91 минута кога сигурен реализатор беше Бојан Најденов.

Динамо Минск, пак, креираше шанси, а ја искористи најзрелата во 53 минута кога Квачински со глава го матираше Дамјан Шишковски. Реваншот меѓу Работнички и Динамо Минск се игра за седум дена во Белорусија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top