Работнички доживеа елиминација во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, откако загуби на гости против Динамо Минск со убедливи 3-0. По ремито (1-1) во Скопје, „романтичарите“ не успеаја да сторат ништо повеќе на реваншот во Белорусија. Нојок, Галовиќ и Сарока ја погодија мрежата на Шишковски за убедлив триумф.
По почетното испитување на силите, Работнички имаше шанса да го отвори резултатот во 19.минута. Душко Трајчевски доби употреблива топка, шутираше од 14 метри, но не беше прецизен.
Само две минути подоцна, Динамо Минск дојде во водство. Олександр Нојок сам се избори за позиција за удар, шутираше откосо од десната страна и го совлада Шишковски.
По ова, Треневски направи промени во тимот уште по половина час игра. Го уфрли на теренот Суад Сахити, на местото на Леон Најдовски. „Романтичарите“ се заканија преку Најденов, Дурански и Велинов, но без ефект.
Во вториот дел, Динамо Минск имаше убава шанса да го зголеми водството во 59.минута. Квашчински зафати волеј удар од 14 метри, но Шишковски успеа да одбрани. Возвратија Суад Сахити и Кире Маркоски, но повторно остана да мирува мрежата на Динамо Минск. Во 68.минута, Велинов шутираше од слободен удар, но директно во голманот на домашниот тим.
Две минути подоцна, Динамо Минск поведе со 2-0. По корнерот од десната страна, Галовиќ скокна највисоко и со удар со глава ја затресе по вторпат мрежата на Шишковски. По ова, Сарока имаше можност и за трет погодок, но Митрев спаси во последен момент. Во 84.минута, Белорусите ги разрешија сите дилеми. Антон Сарока постигна трет погодок, и беше јасно кој ќе патува во третото коло од квалификациите во Лигата на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)