Македонската поп-пејачка Калиопи кон крајот на месецов ќе го издаде својот нов албум „Мелем“. Не него ќе се најдат десет нови песни што таа ги смета за достојни наследници на нејзините најголеми хитови „Бато“, „Обои ме“, „Лео“, „Кофер љубави“ и многу други. Мастерингот е направен во Минхен, а комплетен автор и продуцент на албумот е нејзиниот прв сопруг, Ромео Грил.
„Мелем“ е сниман во Швајцарија, Германија и во Македонија. На него гостуваат врвни музичари од регионот, а ќе се продава во музичките продавници во сите земји од просторите на поранешна Југославија.
Веќе се издадену две сингл-песни од ова издание, насловната песна „Мелем“, за која е реализиран и видеозапис, и баладата „Вучица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.