| четврток, 6 декември 2018 |

Директорите од Музеј на Македонија во договор со златар ги краделе артефактите

muzej na makedonija

Осуммина се приведени во случајот кражба на артефакти од Музејот на Македонија, освен за кражба се осомничени и за злоупотреба на службената положба и овластувања, несовесно работење и присвојување на предмети кои се културно наследство, рече портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Според МВР, директорот на Музејот на Македонија, Дарко Кржовски ги предавал предметите на златар (Ч.К) кој изработувал реплики на истите.

Тие неколку пати, поединечно или групно, успеале на реверс да земат артефакти од Музејот на Македонија и потоа ги давале на златарот.

Тој пак, по извесен период им ги враќал, а од документацијата на Музејот е откриено дека од земените 14 артефакти, само пет се вратени назад.

При едно земање на артефакти на реверс, соопшти Котевски, познатиот археолог Паско Кузман се претставил дека е директор на Музеј од Охрид, иако во тоа време бил директор на Управата за заштита на културното наследство.

Според информациите на МВР, на 17 април 2012 година, забележано е како Кузман „враќал археолошки предмети“. Бидејќи истрага е во тек, портпаролот на МВР, Котевски, вели сеуште нема официјална информација каде се продавале предметите.

Златарот, како и седуммината уапсени, меѓу нив и познатиот археолог Паско Кузман сè уште се во полициска станица, а најверојатно утре ќе бидат однесени да дадат изјава пред Јавен обвинител, вели МВР.

Истрагата за кражбата на 166 вредни предмети во Музејот траеше три месеци, а денеска Јавното обвинителство најави дека ќе бара притвор за сите осуммина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top