| четврток, 6 декември 2018 |

Завршна изложба од проектот „Музејот – пријател на децата“

extract_from_7338_7662_muzej__makedonija24_1615

По повод завршувањето на проектот „Музејот – пријател на децата“, в петок, 28 февруари (15 часот), во конференциската сала на Музејот на македонската борба ќе биде поставена изложба на создадените дела од повеќемесечната работа. На манифестацијата ќе бидат  доделени награди и пофалници за најуспешните учесници во проектот.
Музејот на македонската борба – Скопје го почна проектот „Музејот – пријател на децата“ во ноември минатата година. Со проектот беа опфатени повеќе од 130 ученици од девет основни училишта од Македонија, кои учествуваа во ликовните и литературните работилници што се одржуваа во музејот.
Учениците твореа на теми од музејската поставка што им оставиле најголем впечаток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top