Утре на сцената на Македонската опера и балет, во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Лебедово езеро“, еден од бисерите на балетската класика. „Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски. Во улогата на Ротбарт ќе настапи Игор Веланоски. Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.