| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот Парламент за два месеци потрошил 17.000 евра за кафе и за колачиња

grcki parlament

Претседателот на грчкиот Парламент, Евангелос Мимаракис,  побара повеќе информации за тоа како законодавниот дом потрошил речиси 17.000 евра на кафе, вода и за колачиња од крајот на октомври до почетокот на јануари.

Расходите се откриени откако Парламентот објави 13 фактури за храна и за пијалаци на својата веб-страница.

Документите предизвикаа остри критики, за кои се верува дека го разлутиле Мимаракис, кој во моментов е во официјална посета на Ерменија, пишува „Катимерини“.

Кафињата и колачињата, кои чинеле 16.753 евра, биле наменети за состаноци на кои присуствувал и претседателот на Парламентот, неговите заменици и за пратеници, кои учествувале на разни комисии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top