| четврток, 6 декември 2018 |

Паско Кузман осомничен и за кражбата од Музеј на Mакедонија

pasko kuzman 1Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, е осомничен и за кражбата на вредни артефакти од Музејот на Mакедонија, пренесува Прес 24 извори од истрагата. Тој веќе е во куќен притвор за дело поврзано со случајот „Фаланга“.

Петмина приведени веќе се изведени пред истражен судија, а кај двајца сѐ уште се вршат претреси.

Меѓу приведените има еден актуелен и еден поранешен директор на Музејот.

Според истрагата, украдени се 166 вредни предмети од  историско културно значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top