| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска акција во тек: уапсени директорот и поранешен директор на Музеј на Македонија

muzej na makedonija

Полицијата утрово почна акција за приведување осомничени во врска со исчезнувањето вредни предмети со културно-историско значење од Музејот на Македонија.

Помошник-министерот за односи со јавност, Иво Котевски, за МИА ја потврди акцијата и најави повеќе информации во текот на денот.

Според првичните инфорации, приведени се актуелниот и еден од поранешните директори на Музејот на Македонија.

Во истрагата беше констатирано дека недостигаат 166 вредни предмети од културно- истриски значење. Истрагата поажа дека изнесувањето на предметите траело подолго време и во него биле вклучени лица однатре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top