| четврток, 6 декември 2018 |

Познатата кореографка од Њујорк Џенис Бренер работи во Скопје

бренер

Џенис Бренер, познатата кореографка од Њујорк, работи во Скопје и подготвува премиера која ќе биде изведена на фестивалот за современ танц „Танц-фест“.

Таа е професорка на престижната школа „Џулијард“ и веќе три недели работи со студентите од Скопскиот танцов театар.

Бренер во Скопје дојде по покана на Рисима Рисимкин, а премиерата на „Импулс“ ќе биде изведена на 10. издание на фестивалот за современ танц „Танц-фест“ во април. Неформална презентација на нејзината работа ќе се одржи утре во 12.30 часот во просториите на културниот центар „Интерарт“ во центарот „Зебра“.

Бренер е кореограф, танчар, професор и уметнички директор на танцовата компанија „Џенис Бренер“ од Њујорк. Таа има добиено повеќе награди, меѓу кои и „Беси“ за извонредни достигнувања во танцот, „Лестер Хортон“ за извонредни достигнувања во областа на кореографијата. Има настапувано во повеќе од 33 земји. Нејзините кореографии се изведуваат во 45 компании во Германија, Шведска, Франција, Тајван, Индонезија, Сингапур, Русија, како и во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top