| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје танцовата академија и театар во друштво на престижни европски академии и универзитети

За време на фестивалот се одржаа повеќе работилници за танц, меѓу кои и мастер класот на Рисима Рисимкин, насловен како „Создавање кореографија денес: момент на испразност“, а во рамките на фестивалот имаше три изведувачи вечери во кои секоја академија покажа дел од својата изведувачка програма

Скопје танцовата академија и театар од први до четврти јуни учествуваше на првиот меѓународен фестивал „Шер“ (Share) на европски танцови академии. На фестивалот учествуваа повеќе танцови академии и уневерзитети и тоа: Академијата за танц при универзитетот  од Братислава, Словачка; Академијата за изведувачки уметности од Прага, Чешка; Академијата за современ танц од Будимпешта, Унгарија; Универзитетот „Антон Брукнер“ од Линц, Австрија; Данкан центарот од Прага, Чешка; Латвиската академија за култура од Рига, Латвија, Универзитетот за музика и уметност од Виена, Австрија; Националната академија за театарска уметност од Краков; Скопје танцовата академија од Македонија и Литванската академија за музика и театар од Вилнус, Литванија.

За време на фестивалот се одржаа повеќе работилници за танц, меѓу кои и мастер класот на Рисима Рисимкин, насловен како „Создавање кореографија денес: момент на испразност“, а во рамките на фестивалот имаше три изведувачи вечери во кои секоја академија покажа дел од својата изведувачка програма.

Скопје танцовата академија ја имаше честа да го затвори фестивалот со програма на тројца млади кореографи: Матеа Киселичка и нејзината кореографија „Најди некој“; Јакуб Мунко со „Азбука“ и Адријана Данчевска со „Погрешно“. Во претставата настапија танчарите: Александра Петрушевска, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска, Матеа Киселичка и Јакуб Мунко.

Скопје танцовата академија постигна извонреден успех со претставата и комплетната презентација на академијата на оваа исклучитлно значајна средба на европски академии. Следната изведба на фестивалот „Share“ се очекува да биде во Скопје, Македонија во април 2018 година.

Воедно, постигнат е договор за натамошна соработка на научно-истражувачко ниво, (симпозиум за танц, кој ќе се одржи во Братислава во ноември 2017 година), како и размена и соработка на професорско ниво со академиите учесници.

Овој настап на Скопје танцовата академија и театар ја претстави Македонија на високо уметничко ниво и ја позиционира на мапата на престижни европски академии, што претставува извонреден успех за нашата земја.

фото: Марија Драбекова, Братислава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top